Најскапиот
фудбалер од Балканот изминативе денови одново се најде во центарот на
вниманието откако успеа да заработи сериозна повреда додека беше во карантин.
Неговиот татко тврдеше дека повредата настанала додека напаѓачот тренирал дома,
но се појавија стории дека ова е лага, и дека Лука Јовиќ всушност паднал од ѕид.
Реал Мадрид нема
да дозволи оваа епизода да помине неказнета, и се најавува дека „кралевите“
жестоко ќе удрат по џебот на фудбалерот.
Лука Јовиќ ќе
остане без две месечни плати, односно времето кое е потребно за санирање на
повредата. Србинот во Мадрид има годишни примања од 5 милиони нето (10 милиони бруто),
па тоа значи дека ќе остане покус за преку 830.000 евра.