Изминативе два
месеци откако сопреа фудбалските возбудувања на Островот, тамошните медиуми
постојано ја наведуваа сумата од 750 милиони фунти која клубовите би ја
загубиле од продажбата на ТВ правата во случај сезоната да не биде комплетирана
на терените.
Денеска „Гардијан“
извести за нешто сосема друго, клубовите од Премиерлигата би можеле да загубат
помеѓу 300 до 350 милиони фунти дури и во случај да најдат начин како да ја
комплетираат актуелната сезона.
Пеналите кои ќе
треба да се плаќаат се однесуваат на фактот што клубовите нема да можат да ги
исполнат целосно обврските во нивните договори со ТВ компаниите, секако, тука
најмногу се мисли на периодот предвиден во самите договори, но и продуктите кои требало да бидат рекламирани, а нема да допрат до гледачите од еден сегашен агол во време на пандемија.
Најдоброто
сценарио во моментов е Премиерлигата да продолжи во средината на идниот месец,
а постои дискусија околу тоа како би изгледале натпреварите кои сигурно ќе се
играат без присуство на публика на стадионите, а за вакво сценарио ТВ
компаниите немаат ставено потпис на договорите за пренос на натпреварите.
Нема никакви
дилеми во тоа дека најлошото сценарио за Премиерлигашите беше сезоната да биде
„решена на маса“, меѓутоа клубовите сега и самите знаат дека и покрај се’
ќе постојат и други загуби дури и во
случај сезоната да продолжи.
И натаму ќе
продолжат преговорите помеѓу клубовите и ТВ компаниите, во обид да се изнајде
решение околу можноста сите предвидени 92 натпревари да добијат простор за
директен пренос, бидејќи илјадници навивачи ќе останат покуси да натпреварите
ги проследат од стадионите.
Првично, целта е
натпреварите да се одиграат низ седум викенди и две кола во средина на
седмиците, со тоа што истите би се реализирале низ посебни термини со што сите
натпревари би имале пренос на ТВ, иако оваа опција е претставена како не баш лесно
остварлива.
Пред извесен
период низ медиумите се пренесе една идеја за која сериозно ја разгледуваат на
Островот, а тоа е мал број од натпреварите да бидат пренесувани во живо на
платформата „Ју-Тјуб“, со тоа што генерално, на таков начин сите би биле
пренесувани во живо.