ФА им се заканила на бунтовниците: Гласајте за ре-старт на Премиерлигата или ќе испаднете!

by
1 минути читање

Клубовите од
Премиерлигата денеска има нов состанок на кој разговараа за „Проект ре-старт“,
а пред да почне дебатата, ФА имала кратко обраќање.

Медиумите
пренесуваат дека Фудбалската асоцијација на Англија порачала дека сезоната во
никој случај нема да биде поништена. ФА преферира да се доиграат натпреварите, а доколку не се случи тоа, исходот ќе биде одлучен на основа на спортска заслуга, а тоа значи
дека ќе има испаѓање.

Ова е директен
удар за „бунтовниците“, односно три од последните шест клубови на табелата кои се
противат на идејата сезоната да продолжи на неутрални терени. Тие преферираат
сезоната да се поништи, или пак доколку продолжи на неутрални терени, да нема
испаѓање бидејќи тие биле ставени во нефер положба со тоа што не играат на сопствените стадиони.

Сепак, по
интервенцијата од ФА, Норич, Астон Вила и Борнмут ќе мора да гласаат за
продолжување, во спротивно ќе испаднат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×