Сигурно дека
добрите познавачи на фудбалот се сеќаваат на Јари Литманен, фудбалерот кој се
уште го поседува рекордот кај Финците по бројот на настапи, на 49 годишниот
Литманен четири седмици му беа потребни за да се рехабилитира од коронавирусот.
Поранешниот
фудбалер на Ливерпул, Ајакс и Барселона вели дека се заразил во домашни услови,
не бил хоспитализиран во болница, а тврди дека никогаш не се чувствувал полошо
од периодот додека бил заболен.
„Имав настинка,
проследена со главоболка, постојано болки во мускулите, ми недостасуваше повеќе
воздух и се’ дуго останато“
вели Финецот кој се пензионираше во 2011. година, а откако поминале четири седмици
додека бил заразен од Ковид-19, му биле потребни уште две дополнителни седмици
за одмор и целосно закрепнување.
„Ми беа потребни
четири седмици да се рехабилитирам од вирусот, а од тогаш уште неколку седмици
за целосно да закрепнам, за среќа, болките и недостатокот на воздух не беше до
таа мера опасен за да морам да одам во болница, бев во можност да закрепнам во
домашни услови“ додава тој.
„Сево ова беше многу
изморувачки, понекогаш и премногу тешко, физички, веројатно никогаш не сум бил
во полоша форма“ заклучи Литманен.