Вирџил ван Дајк
во моментов важи за еден од најдобрите стопери во светот на фудбалот моментално,
можеби и најдобар, меѓутоа 28 годишниот Холанѓанец не крие дека во периодот
минат во младинскиот погон на Вилем II не бил доволно добар.
„Играв во
академијата на Вилем II десет
години, постоеше ситуација кога имав 16 години да не поминам во следната
категорија од академијата, не бев доволно добар, постојано бев на клупата за
резерви“ вели холандскиот репрезентативец, член на актуелниот европски првак
Ливерпул.
Ван Дајк почна во
младинскиот погон на Вилем II, меѓутоа во 2010. година се пресели во Гронингем, каде од категоријата
младинци беше прекомандуван во сениорскиот состав на таа екипа, за веќе во
2013. година да направи трансфер во Селтик, а по две години во Саутемптон, за веќе во 2018. година да направи трансфер во
Ливерпул вреден цели 75 милиони фунти.
„Подоцна почнав
да играм регуларно, бев и капитен на составот за фудбалери до 18 години,
меѓутоа постојано се разочарував од фактот што не ми беше укажана прилика да
дебитирам за сениорскиот состав, потоа следеше трансфер во Гронингем каде имав
фантастичен чекор напред во развојот на мојата кариера како фудбалер, израснав
од момче во маж, уживав во тој период, а клубот имаше одлични сезони,
најважното нешто за мене тој период беше да се развијам најмногу што можам“
додаде Ван Дајк во интервјуто за „Скај Спортс“.