Фудбалерот од
средниот ред на италијанскиот првак Јувентус, Миралем Пјаниќ, според
информациите кои ги објави „Тутоспорт“, веќе се договорил со Барселона за
трансфер во таа екипа во идниот преоден рок.
Весникот
сугестира на тоа дека Босанецот дал зелено светло за трансферот на „Камп Ноу“,
по кој би потпишал четиригодишен договор со Каталонците, меѓутоа неизвесно е
дали би постоела некоја трампа помеѓу Јувентус и Барселона.
Шпекулациите се
уште велат дека Артур Мело би можел да се пресели во редовите на „Старата дама“,
па нормално дека прашањето е дали обете екипи би се договориле за еден вид
ваква трампа во која би биле приклучени Мело и Пјаниќ.
Како и да е,
истовремено се верува дека Мело посакува да остане во Барселона, но, според „Тутоспорт“,
тој би бил приморан во една ваква ситуација да отиде во Јувентус, бидејќи Каталонците се очајни во
намерата да се засилат со Пјаниќ.