Премиерлигата
доби зелено светло да продолжи во јуни месец. Попладнево, владата на Велика
Британија објави досие од 50 страни за олабавување на мерките. Според новите
насоки, спортски настани на „островото“ ќе можат да се одржуваат од јуни месец,
но без присуство на публика.
Клубовите од
Премиерлигата со месеци преговараат за „Проект ре-старт“ според кој групен
тренинг ќе почне на 18. мај, а сезоната ќе продолжи на 12. јуни.
Сепак, се уште се
кршат копјата за условите под кои топката ќе се тркала на терените, се поголем број клубови се
противат на идејата да се игра на неутрални терени. Проблематични се уште
неколку точки, односно дали ќе има испаѓање и промоција, и што со играчите чии
договори истекуваат на 30. јуни.
Клубовите денеска
ќе имаат нов состанок на кој ќе се пеглаат деталите. За да се изгласа одредена
одлука, потребно е 14 клубови да дадат поддршка.