Малдини го нападна Рангник: Пред да научиш италијански, научи што значи почит!

by
1 минути читање

Со месеци се
шпекулира дека Ралф Рангник по крајот на сезоната треба да пристигне на Сан
Сиро и да добие улога која ретко се гледа во светот на фудбалот, односно да
биде тренер и спортски директор.

Ѕвонимир Бобан
веќе доби отказ откако јавно се спротивстави на ваквата идеја, а се најавува дека
со Ралф Рангник на кормилото, клубот уште ќе го напуштат Паоло Малдини и Стефано Пиоли.

Изминатиов
викенд, Ралф Рангник потврди дека имал разговори со Милан, но преговорите се на
стенд-бај поради пандемијата на коронавирус. Германецот исто така изјави дека
сака „одредено влијание“ доколку ја прифати понудата и порача дека понекогаш е
потребна моќ за да придвижат работите.

Ваквите коментари
сепак не му се допаднаа на Паоло Малдини, кој во разговор со АНСА го нападна
својот колега од РБ Лајпциг.

„Никогаш не сум
разговарал со Рангник, па не знам на која основа му се коментарите. Исто така,
сопственикот никогаш ништо не ми кажал“
– вели легендата на „росонерите“.

„Со тоа што зборуваше
за улога со која има целосна моќ врз спортскиот и техничкиот дел, тој посегна
по позиции на кои работат професионалци со валидни договори“.

„Имам совет за
него, пред да научи италијански, нека научи што значи почит. И покрај тешката
ситуација во која се наоаѓаме, ние, негови колеги, секој ден го даваме
максимумот, работиме на професионален начин за доброто на Милан и нашата
гордост ја ставаме во втор план“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×