„Кралевите“
минатата недела соопштија дека Лука Јовиќ заработил фрактура на коска во петата
на десната нога и го чека пауза од два месеци. Вестите беа прилично
изненадувачки со оглед на тоа дека изминативе два месеци немаше фудбал, па на многумна
им беше чудно како Србинот успеал да се повреди.
Неговиот татко
понуди објаснување, и истакна дека напаѓачот почувствувал болка додека тренирал дома во Белград според програмата која ја добил од Реал Мадрид.
Но српските медиуми
сега пишуваат дека ова е лага, Лука Јовиќ не се повредил додека тренирал, туку паднал
од ѕид во својата куќа .
„Едвај спаси
глава! Падна од еден ѕид, не знам како да објаснам, не ми е јасно како му успеа
тоа. Се беше случајно, среќа остана жив“ – вели извор близок до семејството на
Јовиќ кој бил сведок на настаните.
Медиумите од
Србија веднаш го контактирале таткото на Лука Јовиќ за коментар, но тој одбил
да каже дали има вистина во оваа сторија, се правдал дека има забрана од Реал
Мадрид.
„Ве молам да ме
разберете, не смеам ништо да зборувам. Од клубот пристигна строга наредба
никој, па ниту Лука, да не зборува ништо“ – вели Милан Јовиќ.