Барселона потврди
дека дефанзивецот Самуел Умтити се здобил со повреда, и тоа по само два дена
тренинзи, откако Каталонците се вратија на клупските обврски по паузата поради
пандемијата со коронавирусот.
Како и да е, уште
на вториот ден се повреди Умтити кој една година мака мачи со повредите, а
постојано се шпекулира дека е на излезна врата од клубот, Французинот се здобил
со повреда на листот, па очекувањата се да паузира неколку седмици.
Фудбалерите на
Барселона почнаа со работа во индивидуални тренинг сесии со цел полека но
сигурно да се враќаат во форма во пресрет на најавениот рестарт на сезоната во
Примера, кој би требало да се реализира на 20. јуни.
Што се однесува
до повредата на Умтити, од Барселона не појаснија колку истата е од сериозен
карактер, или дали се очекува тој да биде подготвен за наведениот датум кога
треба да продолжи сезоната.
Умтити запиша
само 16 настапи за Ккаталонците оваа сезона до суспензијата поради пандемијата
од Ковид-19, повредите го следеа постојано по неговиот трансфер од Лион во
2016. година, вреден 25 милиони евра.