И Балотели не му премолче на Кјелини: Не си маж, јас барем имам храброст да им кажам на луѓето во лице

by
1 минути читање

По Фелипе Мело и
Марио Балотели не му премолче на Џорџо Кјелини и зборовите напишани во книгата која дефанзивецот на Јувентус ја објави.

Во порака на
социјалните мрежи, контроверзниот „Супер Марио“ напиша: „Јас барем сум чесен и
имам храброст она што го мислам да им го кажам на луѓето во лица“.

„Имаше еден куп
можности да го сториш тоа од 2013 па до денес, да се онесуваш како вистински
маж, но не го стори тоа. Кој знае еден ден 
што ќе кажеш за сегашните твои
соиграчи. Ако ова твоето значи да се биде шампион, не сакам да
бидам таков шампион. Исто така, никогаш не сум покажал непочитување кон
дресот на „аѕурите““.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×