Лука Јовиќ никако
да крене глава од проблеми, Србинот го чека пауза и до два месеци поради фрактура
на коска на петата на десната нога. Синоќешното соопштение на Реал Мадрид
прилично ги изненади сите со оглед на тоа дека изминативе два месеци нема
фудбал поради пандемијата.
Во разговор со
медиумите од Србија, таткото на Лука Јовиќ откри како напаѓачот се повредил и истакна
дека неговиот син е во депресија поради работите кои ми се случуваат по преселбата
на Сантијаго Бернабеу.
„Ова е ужасно,
веста не изненади, не го очекувавме ова. Лука се подготвуваше дома во Белград според
програмата која му ја дадоа од клубот, и при една вежба почувствува болка, но
не очекуваше дека е нешто сериозно… Напорно работеше да биде подготвен како
никогаш претходно, да излезе на терен и да биде најдобар, и се случи ова. Се
уште ништо не се знае, треба да се извршат дополнителни детални прегледи за да
се знае точното време за опоравување“ – вели Милан Јовиќ.
„Лука е во
депресија, му влезе некој страв… Не само поради повредата, туку и поради тоа
што ниту еден српски фудбалер немаше среќа во Реал Мадрид, сите се повредија“.
Според пишувањата
на АС, Милан Јовиќ сепак не ја кажува целата вистина. Весникот повикувајќи се на
извори блиски до Реал и играчот, пренесува дека Србинот се повредил во Мадрид а не во
Белград, и тоа најверојатно во четвртокот.
Лука Јовиќ во
понеделникот се врати во Мадрид по престојот во Белград, и во средата се појави
во тренинг центарот за да биде тестиран на Ковид 19. Весникот вели дека напаѓачот тогаш не пријавил никакви проблеми.