Тренерот на Шефилд Јунајтед: Доколку некој одлучи да не игра во ваква ситуација, јас би го почитувал тоа

by
1 минути читање

Шефилд Јунајтед
има сезона за паметење, тоа е клубот кој е најпријатното изнанадување сезонава
во Премиерлигата, секако, тука би можеле да го вметнеме и Вулверхемптон, а овој
двоец од клубови, колку и да звучи чудно, сезонава не само што се бори за излез
во Европа, има отворени шанси за дури и место во Лигата на шампионите.

Како и да е,
пандемијата со коронавирусот донесе суспензија на фудбалските возбудувања,
вклучително и на Островот, а шефот на стручниот штаб на Шефилд Јунајтед, Крис
Вајлдер запрашан за тоа каква би била неговата реакција во ситуација да има
некои фудбалери кои би одбиле да играат доколку фудбалот продолжи, даде мошне
интересен одговор.

Доколку било
која индивидуа донесе таква одлука и ме извести дека не може да игра во една
ваква ситуација, јас би го почитувал тоа
“ изјави Вајлдер кој јасно посочи дека
е на ставот сезоната да се комплетира.

Сметам дека
треба да гледаме од една широка перспектива, но, има една разочарувачка
ситуација која сега сите ја гледаме, а тоа е дека постојат луѓе кои веќе
креираа една линија во нивните позиции во првенството
“ додава Валјдер,
алудирајќи на случувањата околу „Проектот Рестарт“ во Англија, кој дел од
медиумите на Островот сега го преименуваа во „Проект Саботажа“, откако се
појави голема поделеност по низа прашања во дел од плановите, а првенствено на
идејата натпреварите да се играат на неутрални терени.

Сите би требало
да знаат дека би постоеле импликации доколку сезоната се поништи, првично од
финансиски гледна точка, а потоа и социјална и морална
“ заклучи Вајлдер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×