Матиќ за Мурињо: Доколку победите, тој е предобар, а доколку загубите, ќе мора да се криете од него

by
2 минути читање

Фудбалерот од
средниот ред на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ вели дека расположението на
Жозе Мурињо зависи од резултатите на тимот, 31 годишниот српски интернационалец
вели дека Мурињо знае да биде фрустриран во голема мера во случај неговиот тим
да загуби натпревар, а знае да биде и најдобриот човек во ситуација кога тимот
ќе победи.

Се е тоа во зависност од ситуацијата,
доколку победите, тој е најдобриот човек од кога и да е, но, доколку загубите,
тогаш вие се криете од него на тренинзите, но, Мурињо е неверојатен тренер

вели Србинот кој беше купен за 40 милиони фунти од Челси во летото 2017. година
со што повторно дојде до соработка помеѓу тој двоец, овој пат во Манчестер
јунајтед.

Во интервјуто кое
се реализираше на социјалните мрежи, Матиќ го коментираше и неговиот сегашен
тренер во Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер, за кого истакна дека е одличен
тренер кој се подобрил во голема мера од неговото доаѓање на кормилото на
Премиерлигашот.

Оле е одличен
тренер, јас мислам дека тој се разви во голема мера откако дојде во клубот,
сега е сосема поинаква сликата, сигурен сум дека тој има одлична иднина во овој
клуб, сметам дека би можел да ни донесе трофеи
“ вели Матиќ кој не ги криеше импресиите
од неверојатниот Бруно Фернандеш кој во експресен период се адаптираше во
Манчестер јунајтед со блескави изданија по трансферот од Спортинг Лисабон во
јануари годинава.

Бидејќи јас ја
пратам португалската лига, уште од претходно знаев дека е добар играч, дури и
како фудбалер на Спортинг, но, премногу сум изненаден од начинот на кој толку
брзо се адаптираше во Премиерлигата, ни донесе голем квалитет во тимот, ми се
допаѓа самодовербата која ја има на теренот, секогаш добро знае што да прави со
топката
“ подвлече Матиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×