Фудбалер на Атлетико Мадрид позитивен на коронавирус, имал симптоми уште од пред два месеци!

by
1 минути читање

Според „АС“ фудбалерот покажал симптоми на вирусот уште на почетокот од март но не бил тестиран се до оваа недела. 

Бразилскиот лев бек во март кога ги покажал симптомите го информирал клубот кои ја следеле неговата ситуација, но не бил тестиран.

По направениот тест во средата, резултатите биле објавени денеска а неговото тестирање било позитивно. Во наредните 10 дена ќе биде во карантин а потоа ќе му биде направен уште еден тест.

Кога имал симптоми во март тој мислел дека се работи за обичен грип, а неколку дена подоцна имал проблем со дишењето и недостаток на кислород за што го информирал клубот. Тие пратиле доктори во неговиот дом каде што тој живее со неговата девојка. Таа неколку дена подоцна исто така имала симптоми.

Ако уште тогаш имал коронавирус, нејасно е како веќе два месеци не може да оздрави од Ковид-19.

22-годишниот играч беше еден од најдобрите во составот на Симеоне оваа сезона. На првиот меч против Ливерпул беше избран и за играч на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×