ФИФА даде зелено светло: Фудбалот може да продолжи со пет измени и без ВАР

by
1 минути читање

Бордот на
интернационални фудбалски асоцијации (ИФАБ) ги одобри привремените промени во
правилата за фудбалските првенства кои решија да ги продолжат сезоните и да
завршат до 31. декември.

ФИФА попладнево
соопшти дека екипите ќе имаат право на пет измени, кои ќе можат да се направат
во три наврати во текот на натпреварот, како и на полувремето. Со оваа промена
на правилата, целта е да се спречат повреди на фудбалерите со оглед на тоа дека
ќе има згуснат распоред и малку време за одмор помеѓу два натпревари.

Првенствата кои
го имаат имплементирано ВАР, исто така добија одврзани раце да одлучат дали ќе
ја користат видеотехнологијата во продолжението од сезоната или пак судиите ќе
немаат помош од ВАР собата. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×