Бруталната тактика на Јунајтед која го трансформирала ЦР7 во голем играч: Роналдо полуде, не му се веруваше

by
2 минути читање

Португалецот во 2003
со само 18 години се пресели на Олд Трафорд откако блесна против „ѓаволите“ на
пријателски меч, си поигруваше со ѕвездите на Манчестер јунајтед, па Сер Алекс
Фергусон го договори веќе по крајот на пресметката.

На ЦР7 му требаа
неколку години за да се оформи како ѕвезда на „Театарот на соништата“, а Дарен
Флечер сега открива како една брутална тактика го трансформирала Кристијано
Роналдо во голем играч.

На почетокот од својата кариера, тој чесно знаеше
да се заигра со топката и да претера со дриблинзите, па за да го натераат повеќе
да додава и да трча без топка, тренерот Волтер Смит престанал да свири
прекршоци на тренинзите.

„На почетокот, Роналдо премногу ја држеше топката во
свои нозе, често носеше погрешни одлуки. Па еден ден, Волтер Смит реши повеќе
да не свири прекршоци на тренинг, и знам дека ова беше само поради Роналдо. Не
се штедевме, летаа стартови. Кристијано имаше модринки по цело тело од ударите
кои ги добиваше. Претходно кога се свиреа прекршоци, Роналдо ќе ве направеше
мајмун, ќе изнудеше фаул, ќе се насмееше и ќе ја добиеше топката. Но кога
Волтер реши да не свири прекршоци на тренинг, Роналдо полуде, не му се веруваше,
велеше „Кој е овој Шкот? Што е работата?““
– раскажува Дарен Флечер.

„Кога веќе знаете дека нема да добиете фаул,
морате да се промените… Искрено, бев вчудоневиден од тоа колку брзо Рони се
промени, почна да ја додава топката и да трча во простор. Почна и да постигнува
повеќе голови и да се наоаѓа во шанси. Видете, ова можеби е мала работа, но во
вториот дел од сезоната под водство на Волтер Смит, тој направи голем скок.
Првите неколку недели беше бесен, но брзо ја прифати новата ситуација, почна да
игра со еден или два допири на топката, трчаше повеќе без топка и така
постигнуваше повеќе погодоци“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×