Сон со награда ја заврши воената обука, бил најдобар од 157 војници! (ФОТО)

by
1 минути читање

Ѕвездата на Тотнем, Сон Хеунг Мин ја комплетираше тринеделната основна воена обика во Јужна Кореја. Тој е прогласен за најдобар од 157 војници.

Сон ја добил наградата „Пилсунг“ која е една од петте видови на награди за најдобар перфоманс.

Тој имал перфектен резултат од 100 поени на психолошката евалуација, имал одлични оцени во сите сегменти, вклучувајќи ја и прецизноста откако 10 пати од 10 обиди пукал во целта со пушка.

Тотнем потврди дека Сон ја завршил воената обука и следната недела се враќа во Лондон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×