Норич, Астон Вила и Борнмут предупредени да не прават опструкции на проектот за рестарт на сезоната

by
3 минути читање

Медиумите на
Островот пишуваат дека постои поделеност околу т.н. „Проект Рестарт“, со кој се
планира продолжување на актуелната сезона во Премиерлигата почнувајќи од јуни,
меѓутоа ставовите најверојатно најмногу се косат околу предлогот натпреварите
да се играат на неутрални терени.

Од Брајтон јасно
наведоа дека се против таквата идеја, меѓутоа првиот човек на тој клуб, Пол
Барбер наведе дека постојат повеќе клубови кои се противат на таа идеја,
отколку само последните шест од табелата кои постојано се споменуваат во
јавноста.

Секој онака како
што му одговара, па така медиумите го наведуваат фактот што на Брајтон му
преостануваат пет на домашен терен од вкупно деветте натпревари до крајот на
сезоната, а како што и самиот Барбер посочува, Брајтон мошне подобри изданија
има токму на својата арена „Амекс“.

Како и да е, „Дејли
Мејл“ пишува дека Норич, Астон Вила и Борнмут, или поточно кажано
последнопласираните екипи на табелата во моментов во Премиерлигата се веќе
предупредени дека било какви опструкции за „Проект Рестарт“ ќе бидат
контрапродуктивни за нив, а би можело да се додаде и опцијата „испаѓање“ која
би можела да биде ставена дури и на гласање, што сигурно би било вон нивните
интереси.

Норич, Астон Вила
и Борнмут се предупредени дека најдобрата шанса за да останат во елитното
друштво на Островот е да гласаат за рестартирање на сезоната, односно за т.н. „Проект
Рестарт“, како и да ги остварат своите цели на терените за да избегнат
компликации.

Се чини дека
состанокот закажан во понеделник ќе биде од огромна важност за плановите околу
рестартирањето на сезоната во Премиерлигата, а како што наведуваат тамошните
медиуми, засега нема конкретни планови околу формално гласање на истиот
состанок, меѓутоа од клубовите ќе се бара одобрение на некои елементи од
проектот, а доколку преговорите пропаднат, а договор не се изнајде, тогаш
гласањето ќе биде неопходно, а истото би се реализирало во подоцна дата.

Наведеното трио
клубови не се единствените кои изразија незадоволство од проектот, со тоа што
како што и погоре споменавме, меѓу нив е воедно и Брајтон, но и Вест Хем и
Ватфорд, трио клубови кои се веднаш над опасната зона, но и тие се во опасност
при една ваква ситуација која сигурно ќе донесе одредени „турбуленции“ во овој
шампионат.

Од Астон Вила ја
наведоа статистиката која не им оди во полза за да прифатат да играат на неутрални
терени, посочувајќи дека две третини од нивните овосезонски победи се остварени
на нивната арена, а им преостануваат уште шест меча на својот стадион.

За да се даде
зелено светло околу проектот, Премиерлигата ќе има потреба од 14 клубови кои би
гласале за да продолжат со целосно дефинирање на проектот, а се чини дека
најмногу во моментов се фокусирани кон триото клубови на последните позиции на
табелата, со кои би било доволно за да се одржи баланс во однос на останатите.

Од последниот
одржан состанок минатиот петок во јавноста произлезе идеја која воедно била
наведена на тој состанок, а тоа е да се избегне испаѓање сезонава од елитното
друштво, меѓутоа истата брзо беше отфрлена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×