Првата верзија на протоколот беше одбиена од владата на Италија, по што беа правени измени.
Во меѓувреме фудбалерите се враќаат на тренинзи кои на почетокот се индивидуални со запазување на мерките за физичка одалеченост.
Медицинскиот протокол треба да биде одобрен пред да се знае дали сезоната ќе продолжи и кога ќе се случи тоа.
Пред да се одобри протоколот екипите нема да можат ниту да одржуваат групни тренинзи.
Според италијанските медиуми, денешниот состанок траел најмалку 90 минути и се уште има некои точки околу кои не се согласуваат медицинските научници.
Едно од клучните прашања е што ако се случи некој фудбалер да биде позитивен откако ќе почнат групните тренинзи или натпреварите.
Клубовите инсистираат во изолација да оди само фудбалерот кој е заразен, метод кој ќе се примени во Бундеслигата.
Доколку остане на сила мерката дека треба да оди цел тим во карантин доколку еден играч се зарази, тогаш ќе биде речиси невозможно Серија А да се доигра.
Од големите лиги Бундеслигата е најконкретна околу продолжувањето на сезоната, тие стартуваат за помалку од 10 дена. 16. мај е одреден како датум за почеток.
Француската лига е прекината, во наредниот период се очекува да се дознае судбината на Серија А, Премиерлигата и Ла Лига.