Клосе ќе му асистира на Флик на клупата на Баерн Минхен

by
1 минути читање

Од германскиот
првак Баерн Минхен објавија дека Мирослав Клосе (41) ќе му биде асистент на
шефот на стручниот штаб Ханси Флик од 1. јули годинава, откако договорот кој
поранешниот напаѓач го потпиша денеска почнува со важност од крајот на јуни.

Среќни сме што
Мирослав одлучи да ни се приклучи во тимот, тој е најуспешниот германски
напаѓач во последните 15-20 години, убеден сум дека од соработката со него нашиот
клуб ќе има голем бенефит, инаку Мирослав беше преферираниот кандидат на Флик
по ова прашање“ изјави спортскиот директор на „Баварците
“, Хасан Салихамиџиќ, а
Клосе со нетрпение ги очекува активностите во клубот.

Чувството е
одлично, едвај чекам да почнам со работа, со Ханси Флик се познаваме многу
добро, нашето познанство датира уште од времето кога бевме заедно во националниот
тим на Германија, имаме меѓусебна доверба, професионална и лична, за мене, ова
е голем чекор напред како тренер, се надевам дека ќе можам успешно да го
искористам моето досегашно искуство и ќе му помогнам на Баерн Минхен да ги
реализира своите зацртани цели
“ изјави Клосе.

Кога сме веќе кај
Германците, вреди да потсетиме дека таму падна и конечна одлука првенството да
продолжи на 16. мај, во моментов, Баерн Минхен е лидер во најсилната дивизија
со 55 бода на осум кола до крајот, следат Борусија Дортмунд со 51, па Лајпциг
со 50 бода, а водечката петорка ја комплетираат Борусија Менхенгладбах со 49,
односно Баер Леверкузен со 47 бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×