Поранешниот прв
човек на Интер, Масимо Морати има свои желби во случај Лаутаро Мартинез да си
замине од тимот на „Нероаѕурите“, ги наведе Лионел Меси и Пауло Дибала како
големи засилувања, но, доколку тоа е возможно секако.
Од поодамна е
познат интересот на Барселона за услугите на 22 годишниот напаѓач на Интер,
Лаутаро Мартинез, а се чини дека и самиот Аргентинец нема ништо против од
евентуален трансфер на „Камп Ноу“, а интересни за јавноста беа шпекулациите кои
Меси го поврзуваа со дресот на Интер.
„Доколку
пристигне Меси, одлично, а доколку не е возможно да се ангажира Лео, во тој
случај јас би го преферирал Дибала кој би го зазел местото на Лаутаро“ вели
Морати во интервјуто за „Газета дело Спорт“.
Како и да е,
многумина се прашуваат околу тоа колку Барселона би имала можност да инвестира
во трансфер на Лаутаро, кој има откупна клаузула на лето во висина од 111
милиони евра, од причина што коронавирусот донесе голема криза кај Каталонците
од финансиски карактер.