Интересот на Њукасл за Кулибали е реалност, потврдува „Скај Спортс“

by
1 минути читање

Интересот кој
Њукасл го пријавил за ангажман на еден од најбараните дефанзивци во фудбалска
Европа, Калиду Кулибали е реалност, известува „Скај Спортс“, а Наполи својот
фудбалер го проценува на околу 80 милиони евра.

Првично,
интересот на Њукасл за Кулибали беше изразен претходната седмица, за што
пренесоа во Франција, поточно, тоа го стори „Ле10спорт“, а сега „Скај“ го
потврди интересот на Премиерлигашот.

Сенегалецот
сигурно би бил заинтересиран да ја разгледа понудата на Њукасл, клуб кој има
доста амбициозен проект откако би се реализирала продажбата која од поодамна се
најавува, а од тоа што е познато, остануваат уште некои „ситни“ административни
детали.

Како и да е, „90мин“
пишува дека првично кај новите саудиски сопственици ќе им бидат приоритет
Британците, се споменува Крис Смолинг како една од повеќето опции, иако не се
исклучуваат и фудбалери вон Островот, како што е Сенегалецот Кулибали.

Кога веќе го споменавме Смолинг, вреди да се
наведе дека од Рома се уште не издејствувале за комплетно откупување на
неговиот договор со Манчестер јунајтед, а такво нешто би го чинел клубот од Рим
околу 25 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×