Аргентинецот во
2014 го засили Манчестер јунајтед за 75 милиони евра, и во тоа време беше еден
од најскапите трансфери. Анхел ди Марија никогаш не блесна на Олд Трафорд, па
неговата авантура во Премиерлигата траеше кратко и тој по само 12 месеци заврши
во Париз.
Неговата сопруга
сега открива дека нема убави спомени од Англија, знаела дека не може да го
поднесе животот во Манчестер, но прифатила да се пресели на „островото“ откако
фудбалерот добил двојно поголема плата.
„Еден ден, Анхел
дојде дома и ми рече, „Имам понуда од Манчестер јунајтед, прилично добра од
финансиски аспект“. Се расправавме, му кажав нема шанси, дека може да оди сам.
Се работеше за многу пари, во Мадрид и Шпанија не нарекуваа песетерос (луѓе алчни
за пари) и веројатно беа во право! Кога работите за некоја компанија и
конкуренцијата ви нуди двојно повеќе пари, секако дека ќе прифатите!“ – вели Хорхелина
Кардосо.
„Не сакав да одам
во Манчестер бидејќи сум пријателка со Џанина Марадона (ќерката на Диего
Марадона), која во тоа време беше мажена за Кун Агуеро. Бевме на гости кај нив два-три
дена кога Анхел имаше краток одмор. И беше ужасно. Само што пристигнавме во
нивниот дом, им рековме, „Друштво се гледаме подоцна, си одиме од тука“. Кога
се вративме во Мадрид, му кажав на Анхел, „Можеш да играш каде сакаш, само не
во Англија“… Една година подоцна направи трансфер во Англија, се преселивме во „дупката“
наречена Манчестер“.
„Не ми се допадна
ништо во градот, леѓето се слби, неуредни, чудни, одиш по улица и не знаеш дали
некој ќе се обиде да те убие. Храната е одвратна. Девојките се како кукли, скоцкани
од глава до пети, а јас со косата во репче и без шминка“.