Баерн доби ДА од Сане и го стави Сити во тесно со двојно пониска понуда од минатото лето

by
1 минути читање

Лерој Сане му кажал
ДА на Баерн Минхен, ова го пренесе Спорт Билд. Германецот минатата недела
разговарал со тренерот Ханси Флик, кој половина час му ги објаснувал плановите
за иднината.

Офанзивниот
фудбалер бил задоволен од она што го слушнал, па сега со раководството на
клубот постигнал согласност за петгодишен договор. Спорт Билд додава дека
„баварците“ веднаш тропнале на вратата на Манчестер Сити и доставиле понуда од
40 милиони евра.

Тоа е двојно
помалку од она што Баерн Минхен беше подготвен да го плати минатото лето (100
милиони евра), како и за 10 милиони помалку од сумата која „граѓаните“ му ја платија
на Шалке во 2016.

Сумата од 40
милиони евра е само старт на преговорите помеѓу двата клуба, Манчестер Сити
сигурно ќе побара десетина милиони плус, но шампионот на Англија е ставен во
тесно со оглед на тоа дека Лерој Сане има само уште година дена од договорот,
нема намера да ја продолжи соработката и веќе му има кажано ДА на Баерн. Доколку летоска не наплатат од негова продажба, ризикуваат да останат со празни раце во 2021.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×