Фудбалерот на
Вест Хем, Мануел Лансини тврди дека е вистинска лудост да се рестартира
англиската Премиерлига се додека не постои вакцина за коронавирусот, а изјавата
на Аргентинецот дополнително носи загриженост околу тоа колку фудбалерите го
поддржуваат проектот „Рестарт“.
„Според мене, би
било лудост Премиерлигата да продолжи се додека нема вакцина која би можела да
ве заштити“ вели 27 годишниот фудбалер од средниот ред на „Чеканите“ во
изјавата за аргентинското радио „Континентал“.
„Доколку би ме
прашале мене лично, дали јас би сакал да играм, очигледно, меѓутоа треба да
бидат заштитени и останатите, јас не би почнал сега“ додава Аргентинецот.
Проектот „Рестарт“
во Премиерлигата ќе се разгледува идната седмица, а на истата дискусија
присуство ќе имаат сите 20 клуба од најсилниот фудбалски шампионат на Островот,
очекувањата се Премиерлигата да продолжи на 12. јуни.