Манчестер јунајтед тргна по Лозано, но има конкуренција во Евертон, Арсенал и Тотнем

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед се приклучи во трката по потписот на Хирвинг Лозано од Наполи, меѓутоа
„Црвените ѓаволи“ имаат ривали за потписот на Мексиканецот во Евертон, Арсенал
и Тотнем.

24 годишниот
напаѓач Лозано го чинеше Наполи цели 40 милиони евра, откако тој лани направи
трансфер од ПСВ, а се верува дека таа сума би била идентична во случај да има
сериозен интерес за неговите услуги.

Лозано не успеа
да направи некој посебен импакт во клубот од „Сан Паоло“, а не се адаптираше во
тактиките и замислите на новиот тренер Џенаро Гатузо, па во Италија известуваат
дека тој би можел да си замине од Наполи.

Евертон се
споменува како еден од главните фаворити за неговиот потпис, се верува дека
Карло Анчелоти сака повторно да соработува со Мексиканецот, кој беше ангажиран
во време кога Италијанецот беше тренер на таа екипа.

Спарси и Арсенал
исто така се дел од трката, но „Кориере дело Спорт“ денеска извести дека
Манчестер јунајтед веќе влегол во трката за потписот на офанзивецот кој има
важечки договор со Наполи до 2024. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×