„Скај Спортс 24“ информира дека до четврток сите играчи на Милан ќе бидат тестирани. Тестовите се извршуваат во Мадонина клиниката во групи од по 7-8 фудбалери.
Секој од фудбалерите и стручниот штаб мора да биде тестиран пред да може да почне да тренира.
Планот е од четврток тимот да почне со тренинзи во тренинг центарот Миланело. На површина од три терени играчите ќе работат кардио и вежби за сила пред да почнат да тренираат со топка.
Златан Ибрахимовиќ и Франк Кеси се уште не се вратени во Италија но наскоро треба да го направат тоа. Проблем е што овие двајца ќе треба да поминат 14 дена во домашна изолација пред да можат да тренираат со тимот.
Милан е еден од клубовите од регионот Ломбардија кој беше централно жариште на коронавирусот во Италија.