Владата на Германија ќе даде зелено светло, Бундеслигата ќе продолжи на 15 мај

by
1 минути читање

Премиерката на Германија, Ангела Меркел утре и официјално треба да каже дека сезоната во Бундеслигата може да се доигра. Постигнат е договор меѓу Фудбалската федерација и властите.

Натпреварите ќе се играат без гледачи. Останати се уште девет кола.

Германија е една од земјите кои најуспешно се справуваат со коронавирусот и постепено мерките се олабавуваат и работите во државата се враќаат во нормала.

Договорено е фудбалерите во Германија кои ќе бидат позитивни на Ковид-19 да одат во 14 дневна изолација, но само тие, не и остатокот од тимот.

Неодамна двајца играчи на Келн беа позитивни на коронавирус, по што веднаш беа ставени во изолација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×