Фудбалот е нешто
повеќе од спорт, а тоа посебно има големо значење за Англичаните, кои имаат
огромни вложувања во најспоредната работа на светот, па воопшто не чуди фактот
што токму тие очајно ги разгледуваат сите можни опции за тоа како актуелната
сезона да биде комплетирана.
Ливерпул е на
прагот да дојде до првата титула во Премиерлигата по цели 30 години, за тоа да
го остварат им се потребни само уште две победи до крајот, од друга страна пак,
Лидс, каде настапува нашиот Езгјан Алиоски, е на добар пат по пауза од 18
години да се врати во елитното друштво на Островот, овие две причини, се само
дел од многуте поради кои има голема желба сезоната на Островот да биде
комплетирана на теренот.
„Сан“ известува
за еден мошне интересен детал кој се разгледува, а се однесува на тоа како
натпреварите би биле пренесувани во продолќението од сезоната, доколку се
постигне согласност за тоа секако.
Од таму
најавуваат дека некои натпревари од Премиерлигата ќе бидат директно пренесувани
на „ЈуТјуб“, и тоа бесплатно, а под моменталните услови, како и предлозите кои
се разгледуваат, познато е дека сите преостанати 92 натпревари според
договореното треба да бидат под капата на „Скај Спортс“, „БТ Спорт“, но, тука
сега се појавува и „ЈуТјуб“.
Идејата доаѓа по
настојувањето кај челниците на клубовите кои упатиле јасно барање до фудбалските власти да
навивачите ги проследат сите натпревари во живо, веднаш штом продолжи сезоната,
најмногу поради фактот што речиси и да нема никакви дилеми дека натпреварите ќе
бидат без публика.
По планот од ТВ
правата, натпреварите се под капата на „Скај Спортс“ и „БТ Спорт“, меѓутоа
поради неможноста да се проследи секој детал од натпреварите во живо (на сите
натпревари), токму платформата „ЈуТјуб“ е наведена како опција, и тоа
бесплатно.
Последен пат кога
Премиерлигата прикажуваше натпревари во живо бесплатно беше на отворањето на
сезоната 2013/14, тој ден „Скај Спортс“ го пренесуваше мечот помеѓу Манчестер
јунајтед и Свонси, а „БТ Спорт“ оној помеѓу Кристал Палас и Арсенал, во
бесплатна варијанта за љубителите на фудбалот.
Во Премиерлигата
веќе поставија цел околу продолжувањето на сезоната, идејата е да се продолжи
со тренинзите почнувајќи од 12 мај, а првата рунда натпревари да се одигра на
12 јуни, а со цел да се овозможи максимален ТВ пренос на натпреварите,
очекувањата се да нема повеќе од еден натпревар во еден термин.
За преостанатите
92 натпревари од оваа сезона, „Скај Спортс“ ги поседува правата на 39 од
истите, а „БТ Спорт“ има 8, според моменталниот договор.