Клубовите од „Ла
Лига“ ќе бидат во можност да продолжат со тренинзите оваа седмица, но
Германците се соочуваат со проблем откако беа регистрирани 10 позитивни случаи
на коронавирус во „Бундеслигата“, првата и втората дивизија.
Шпанија полека но
сигурно почнува да ги намалува рестрикциите, па така во соопштение на
официјалниот сајт на „Ла Лига“ стои дека клубовите од двете најсилни лиги се
информирани дека можат да почнат со индивидуални тренинзи, Тебас најави дека целта е актуелната сезона да биде завршена летово, го најави месец јуни како можен период за рестарт.
„Оваа криза има
длабок импакт врз сите нас, враќањето на фудбалот е знак дека општеството
прогресира кон нешто нормално во однос на кризата од коронавирусот, исто така
тоа ќе врати некој елемен на животот кој луѓето во Шпанија и пошироко во светот
го сакаат“ вели првиот човек на „Ла Лига“, Хавиер Тебас во соопштението.
„Околностите се
без преседан, но се надеваме дека ќе продолжиме со фудбалот повторно во јуни,
целта е актуелната сезона да ја завршиме ова лето, здравјето на луѓето е од
голема важност за сите нас, ќе имаме еден специјален протокол за здравјето на
сите инволвирани во проектот за рестарт на првенството“ додава тој.
Како и да е, во
Германија ситуацијата е помалку позитивна откако од таму информираа дека
регистрирани се 10 нови случаи на коронавирус во двете најсилни дивизии, па од
тука се постави и дилемата околу толку најавуваниот рестарт во кој силно
веруваа Германците.
Тие што се
новозаболени сега ќе мораат да одат во самоизолација во времетраење од 14 дена,
а втората рунда тестирања ќе биде реализирана оваа седмица.
Сево ова доаѓа
само три дена откако од Келн инфомираа дека тројца членови на стручниот штаб
биле позитивни на тестирањето за коронавирусот, меѓутоа тука не запреа
проблемите, па така на социјалните мрежи се појави видео лично од напаѓачот на
Херта од Берлин, Саломон Калу на кое се забележува како тој и неговите соиграчи
не ги почитуваат мерките околу хигиената и социјалната дистанца, а видеото
наиде на бурни реакции од куќата на фудбалот во Германија.