Чеферин: Фудбалот ќе се промени, но само на краток период

by
1 минути читање

Претседателот на
УЕФА, Александер Чеферин уверува дека сите ќе уживаме во убавата фудбалска игра
наскоро, како во старите добри времиња, но Словенецот додава дека не е спортот
тој кој што одлучува во една ваква ситуација, туку владините институции ширум
државите.

Човештвото ќе
го победи коронавирусот, ние веќе видовме колку е чувствителен овој свет во кој
живееме во една ваква ситуација која во целост не дестабилизираше
“ вели Чеферин
осврнувајќи се на пандемијата со Ковид-19.

Фудбалот е
составен од позитивна енергија, а се дур фудбалот не се врати, луѓето нема да
имаат перцепција дека ситуацијата е на некое нормално ниво
“ додава Словенецот.

Фудбалот ќе се
промени, но само на краток период, тој преживеал војни и епидемии и низ
годините наназад, ние повторно ќе му се радуваме на фудбалот како во старите
добри времиња, сите сакаме тој да се врати на терените најбрзо што е можно, но,
над сето тоа стои зависност од одлуките кои ги носат државните власти
“ заклучи
првиот човек на УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×