Ловрен верува дека Бил Гејтс ќе ги чипува луѓето со вакцината против коронавирус

by
1 минути читање

Ловрен е поддржувач на теоретичарот на конспирации, Дејвид Ик чиј јутјуб канал беше избришан од страна на социјалната мрежа поради ширење идеи кои може да создадат штета во време на коронавирусот.

Хрватскиот фудбалер смета дека 5г мрежата има влијание за ширење на коронавирусот, а вакцината со која треба да исчезне вирусот ќе содржи микрочипови на нанотехнологија кои ќе служат за контрола на луѓето.

Ловрен е активен на социјалните мрежи со поддршката на Дејвид Ик. На пост на Бил Гејтс во кој милјардерот им се заблагодарува на здравствените работници, Ловрен му искоментира: „Играта заврши Бил. Луѓето не се слепи“. Алудирајќи на теоријата според која Бил Гејтс е еден од луѓето кои сакаат да ги чипуваат луѓето.

Во Англија и Хрватска, а веќе и пошироко се исмејуваат со активноста на Дејан Ловрен. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×