Сампродија го
пријави Спортинг Лисабон во ФИФА поради неисплатен износ како дел од трансферот
на Бруно Фернандеш од редовите на португалскиот прволигаш во Манчестер
јунајтед, трансфер кој се случи во јануари годинава.
25 годишниот
Португалец мина една сезона во дресот на Сампдорија, пред да се пресели во
редовите на Спортинг Лисабон за трансфер вреден близу 10 милиони евра, а италијанскиот прволигаш наводно има
право на дел од идниот трансфер на фудбалерот по Спортинг Лисабон, барем според
пишувањата на „Ил Секоло 19“.
Според информациите,
се работи за 4,6 милиони евра од трансферот на Фернандеш во Манчестер јунајтед
кој во целост сумата му изнесуваше 46.5 милиони евра, трансфер кој може да
достигне до 80 милиони евра, во зависност од бонусите.
Весникот тврди
дека Спортинг Лисабон се уште не и испратил ниту едно евро на Сампдорија од
трансферот на Фернандеш, а тоа ги натерало во италијанскиот прволигаш да
побараат интервенција од ФИФА.