Милан е подготвен да му плати на Ибра колку што бара, но не се проблем само парите

by
0 минути читање

Генералниот директор на Милан, Иван Газидис ќе направи исклучок за Ибрахимовиќ од плановите за штедење и ќе му ја даде потребната сума за тој да остане во клубот.

Но информациите од Италија велат дека на Ибра не му се важни само парите, дали ќе остане зависи и од спортскиот проект на тимот.

Заминувањето на Бобан беше против желбата на Ибрахимовиќ, ако од клубот ги промени и Паоло Малдини и тренерот Стефано Пиоли, Златан и дефинитивно нема да продолжи на Сан Сиро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×