Под водство на Фергусон, Евра освои пет титули во Премиерлигата, три во Лига Купот и трофејот во Лигата на шампионите во 2008 година. Тој во Манчестер јунајтед беше девет години пред да се пресели во Јувентус.
„Ќе бидам искрен, кога ќе ја освоите третата, четвртата, петтата титула… славите, но не на ист начин, не е исто“, вели Евра.
„Славите поради тоа што ве снимаат камерите, но не е исто. Фергусон не научи да бидеме како роботи. Кога играв за Манчестер јунајтед немав чувство дека сум човек. Кога победувавме мечеви, кога ќе направев нешто добро, не чувствував задоволство. За мене тоа беше нешто нормално“.
„Отсекогаш велам дека Дешамп ме научи дека е важно да се победува, но Фергусон ме научи дека победувањето е нормално. Се сеќавам по големи победи против Ливерпул како ќе ми речеше „Добро е синко“.
„Се сеќавам таа година кога ја освоивме Лигата на шампионите тој ни рече: „Добро момци, навистина сум горд на вас. Ја освоивме лигата и Лигата на шампионите, но следната година ако некој не сака да победува повторно, ќе му го раскинам договорот. Уживајте во летото со вашиот национален тим и не ви посакувам среќа“.
„Отидов дома, ги оставив куферите и си помислив „ова ли е чувството кога ќе се освои Лигата на шампионите?“ Но, тука победувањето беше нормално и не треба да бидеш возбуден поради тоа“.