170
Барселона веќе некое време го посакува Миралем Пјаниќ, Јувентус е подготвен да им го даде но за возврат го сака Артур.
И Барселона нема против да го даде Артур за Пјаник, но проблем е бразилскиот фудбалер кој изјави дека не ни помислува за заминување од Камп Ноу.
Сепак „АС“ пишува дека постои шанса зделката да се реализира, Артур ќе биде убедуван да прифати на два начини.
Едниот е дека ќе биде исконтактиран од Јувентус кој ќе проба да му укаже дека тие се вистинскиот клуб за него.
А Барселона ќе проба на погрубиот начин, тие ќе му кажат да не очекува голема минутажа доколку се одлучи да ја блокира размената со неговото инсистирање да остане во каталонскиот клуб.