Ањели лајкна објава и ги запали социјалните мрежи: Ние не сме Интер, не сакаме вакво Скудето

by
1 минути читање

Клубовите, Серија
А и Фудбалската федерација на Италија сакаат сезоната да продолжи, но властите
во моментов одбиваат да дадат зелено светло и предупредуваат дека првенството
можеби веќе е завршено.

Франција веќе
реши дека нема да има спорт до септември, па Лига 1 означи крај и го именуваше ПСЖ
за нов шампион. Многумина се прашуваат дали и Италија ќе повлече ваков чекор и
Јувентус да го добие Скудетото.

На социјалните
мрежи има најразлични мислења, а вниманието го привлече еден корисник, кој доби
лајк и од првиот човек на Јувентус.

Постот кој доби
поддршка од Андреа Ањели гласеше: „Не сакаме да победиме на ваков начин. Дури
(и Ањели) кажа дека ќе ја одбие титулата. Се надевам дека ќе остане доследен на
зборот. Ние не сме Интер“.

Интер во целата
ситуација е ставен во конотација поради Калчополи скандалот и титулата од 2006
која „нероаѕурите“ ја добија на зелена маса.

Ова не е прв пат
Андреа Ањели да реагира на ваков начин, пред еден месец лајка слична објава на
социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×