Клоп: Во 2012 бев толку пијан што не паметам ништо од прославата на Дортмунд, затоа деца немојте да пиете!

by
1 минути читање

„Милионерите“
синоќа одбележуваа девет години од титулата која ја освоија на 30. април 2011
година, па на платформата Зум имаше видеоконференција на 15 играчи од таа
шампионска генерација а за шоуто да биде комплетно се погрижи Јирген Клоп, кој
ги изненади сите.

Харизматичниот
стратег беше творец на тој успех, како и историската двојна круна во 2012, кога
на триумфот во Бундеслигата беше додаден и трофејот од Купот на Германија.

Тренерот на
Ливерпул се потсети на тие денови и откри дека во 2012 бил толку многу пијан
што не памети ништо од прославата.

„Начинот на кој
славевме беше оригинален
,
како
да се работеше за шампион на А-класа Северозапад. Прославата навистина беше
добра, имаше од се по нешто. Во денешно време нема такви прослави. Бев прилично
пијан во 2011, но можев да влезам во автомобил и да си отидам дома. Што се
однесува до 2012, бев толку многу пијан што не паметам ништо. Па ова може да
биде поука за младите, видете што им прави алкохолот на луѓето. Немојте да
пиете, во спротивно, ќе немате спомени од најважните моментви во вашиот живот“

вели Клоп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×