Откако премиерот на Франција, Едуард Филип кажа дека спорт нема да има во земјата до септември, Француската фудбалска федерација ги прогласи фудбалските сезони за завршени. Беше донесена одлука да се смета моменталната табела за конечна.
Тоа значеше дека ПСЖ е шампион, а во Лигата на шампионите одат уште и Марсеј и Рен. Лион заврши на седмото место и нема да игра во Европа следната сезона.
Тие се разочарани од ваквата одлука, преку соопштение најавија тужба до федерацијата. Во дел од изјавата на премиерот можеше да се протолкува и дека доколку ситуацијата го дозволува тоа би можело фудбал да се игра во август, па од Лион сметаат дека требало да се почека и да се бара начин да се комплетира сезоната.
Најавија дека ја разгледуваат опцијата да тужат поради начинот на кој е завршена сезоната, тие сметаат дека се оштетени за десетици милиони евра.