Ливерпул 30 години чека на шампионската круна во Англија и конечно оваа сезона треба да ја освои но нејасно е дали и како сезоната во Премиерлигата ќе продолжи.
Премиерлигашите утре имаат состанок по кој веројатно ќе се знаат повеќе детали за продолжувањето на сезоната. Првичниот план е да се почне со играње на 8 јуни, веројатно зад затворени врати и само на неколку стадиони.
Во интервју за „Би-Би-Си“, градоначалникот на Ливерпул, Џо Андерсон изјави дека не сака сезоната да продолжи дури и тоа да било на неутрални терени. Тој стравува дека без разлика каде ќе се играат мечевите, ако „црвените“ станат шампиони, навивачите во голем број ќе се соберат во градот за да прослават а тоа може да биде погубно, коронавирусот забрзано да се рашири.
На клубот не му се допаднаа коментарите на градоначалникот и веднаш му одговорија:
„Нема реални докази за таквите тврдења на градоначалникот, ние исто така би сакале да укажеме дека дискутиравме со градоначалникот Андерсон за евентуалното продолжување на фудбалот зад затворени врати и на средбата заклучивме дека е важно сите структури на градот да соработуваат“, се вели во соопштението на Ливерпул.
„Во последните неколку недели ние разговаравме со навивачкие групи кои не известија дека тие ќе ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање, и во случај да биде одлучено продолжување на сезоната ние ќе продолжиме да работиме со нив и со другите клучни чинители со цел да ја постигнеме оваа наша клучна цел“.
„Како дел од нашите тековни операции ние сме во редовен контакт со градоначалникот и неговата канцеларија и се надеваме дека овие разговори ќе продолжат“.
„Во меѓувреме, нашиот примарен фокус останува да одговориме на хуманитарната криза која продолжува да се шири и да дадеме поддршка на иницијативите на Националниот здравствен систем“.