Ватфорд се најде
во една доста необична ситуација, откако го претстави своето засилување за
идната сезона, Пап Гуаји од Ле Авр, но агентот на фудбалерот сензационално тврди
дека неговиот клиент би можел да се пресели во сосема друг клуб, да, и сево ова
се случи во рок од 24 часа.
Премиерлигашот го
претстави 21 годишниот фудбалер од средниот ред, за кого наведе дека ќе се
приклучи на тимот на 30 јуни, а тој во клубот беше предвидено да дојде како
слободен играч на трансфер пазарот, од причина што неговиот договор со Ле Авр
истекува токму летово.
Во меѓувреме,
агентот на Гуаји, Пјер-Анри Бовис во изјава за „Атлетик“ навести нешто сосема
друго со неговиот клиент, односно, дека тој би можел да заврши во некој друг
клуб, од причина што ништо не било сигурно.
„Ништо не е
прецизирано, ние имаме така-наречен договор од јануари, сега се обидуваме да ги
решиме можните проблеми кои би ни излегле на патот, околностите се непознати“
изјави тој.
„Тоа што го
објави Ватфорд не менува ништо за нас, во Велика Британија, Франција, Германија
и Италија, ние навистина не знаеме околу солуцијата или клубот каде Пап би
можел да замине“ додаде тој.
Се верува дека
главниот проблем во сево ова настанал поради фактот што Гуији во моментот кога
го договори трансферот со Ватфорд уште во јануари беше претставуван од агентот
Бакари Саного, но, сега има нов агент во Пјер-Анри Бовис.
