Ханси Флик на кормилото на Баерн Минхен до 2023

by
1 минути читање

Иако сиот свет се
соочува со голема криза предизвикана од коронавирусот, а фудбалот особено е
погоден од финансиска гледна точка, германскиот првак Баерн Минхен настапува
мошне интересно според својата клупска политика.

„Баварците“
претходно се договорија со Томас Милер за продолжување на соработката, а
денеска истото го сторија и со својот тренер Ханси Флик, кој на кормилото на
клубот од Минхен дојде на местото на Нико Ковач.

Коронавирусот го
одложи потписот на договорот на Флик, меѓутоа денеска тоа е веќе официјално, а
доколку го одработи во целост својот договор, Флик би останал на клупата на
Баерн Минхен до 2023. година.

Кога сме веќе кај
Баерн Минхен, овој клуб се врати на тренинзите, а во Германија на големо се
најавува продолжување на актуелната сезона во „Бундеслигата“ со едни доста
необична програма, поради заштита од коронавирусот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×