Рудигер: Дајте им ја титулата на Ливерпул, ја заслужија

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
Челси, Антонио Рудигер верува дека Ливерпул треба да биде крунисан во шампион
на овосезонската Премиерлига, како и тоа дека потребно е сезоната да биде
звршена порано од предвиденото, поради кризата со коронавирусот.

Составот на
Јирген Клоп е на само две победи до првата титула по пауза од цели 30 години,
иако ривали на теренот, Рудигер ја поддржа теоријата на Ливерпул да му биде
врачена титулата во едно сценарио во кое сезоната предвреме би завршила, за што
и самиот смета дека така би било најправилно.

Да бидам искрен,
доколку јас се прашувам на оваа тема, тогаш тие можат да им ја дадат титулата
на Ливерпул
“ вели Рудигер за „ЗДФ“.

На крајот од денот,
мораме да признаеме дека тие ја заслужија титулата, имаа одлична сезона и во
моментов се лидери на табелата, не знам уште колку бода им недостасуваат за
титулата
“ додава Германецот.

Ливерпул ќе ја
освоеше титулата и доколку продолжевме со сезоната, како и да е, секако дека и
јас се надевам дека ќе успееме да ја завршиме сезоната, а сето тоа ќе биде
спортски за сите
“ вели дефанзивецот.

Но, како што
кажав и претходно во моите изјави, доколку ние продолжиме да играме, а постои
опасност по здравјето, доколку го игнорираме фактот што луѓе умираат насекаде
во светот, не знам дали мојата совест би прифатила такво нешто
“ заклучи
Рудигер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×