Ракитиќ: Кога можат да ризикуваат вработените во маркет, можеме и ние, сакам да играм фудбал и по цена да се заразам

by
1 минути читање

Неколку земји во Европа веќе ставија крај на
сезоната, но на најголемиот дел од стариот континент се прават планови за
продолжување на првенствата.

Иван Ракитиќ во разговор со Марка вели дека сака
што поскоро да се врати на терените. Фудбалерот на Барселона сака да игра
фудбал и покрај тоа што никој со сигурност не може да му гарантира дека нема да
се зарази со коронавирс.

„Сакам да играм. Секако, треба да се вратиме кога
ќе има одредени здравствени гаранции, но треба да бидеме свесни дека никогаш
нема да добие 100% гаранција. Ризик ќе има за сите оние кои ќе се вратат на
работа. Вработените во супермаркет се пресоблекуваат во соблекувални и имаат
исти или поголеми шанси да се заразат од нас. Па кога тие превземаат ризик, можеме
и ние. Мислам дека ние фудбалерите имаме должност и сигурен сум дека доколку ги
прашате фановите, тие ќе ви кажат дека сакаат повторно да гледаат фудбал. Подготвен
сум да превземам ризик, и не само поради тоа што мали се шансите да се заразам.
Сакам да покажам солидарност кон сите оние кои се борат за нас од првиот ден“

вели фудбалерот од средниот ред.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×