Периодот без фудбал, Жозе Мурињо го користи за да волонтира во добротворни цели. Тој разнесува зеленчук за оние на кои им е најмногу потребно во кризата создадена од Ковид-19.
„Ми недостасува фудбалот. Но преферирам да кажам дека ми недостасува нашиот свет. Фудбалот е само дел од него. Но треба да бидеме трпеливи, ова е борба која треба да ја водиме сите“, вели Мурињо за „Скај Спортс“.
„Доколку ги одиграме преостанатите девет натпревари оваа сезона тоа би било добро за сите нас. Би било добро за фудбалот. За Премиерлигата“.
„Доколку играме фудбал зад затворени врати, би сакал да мислам дека тој фудбал не е баш зад затворени врати. Со камерите, тоа значи дека милиони и милиони луѓе ќе не гледаат. Па доколку излеземе на празни стадиони, не треба да мислиме дека никој не не гледа“.