Информациите од Шпанија и Италија велат дека Барселона е подготвена да го трампа Артур Мело за Миралем Пјаниќ. Но Бразилецот не сака да слушне за трансфер.
„Секогаш ќе има шпекулации за трансфер пазарот, но моите планови се јасни, единствената опција која ме интересира е останување во Барселона“, вели 23-годишниот Артур.
„Се чувствувам смирено и релаксирано. Многу сум среќен тука и сакам да му се заблагодарам на клубот и тренерскиот состав за вербата во мене. Тоа е уште една причина поради која единствената моја желба е да продолжам во Барселона“.
„Интересот од големите клубови е комплимент за мене и позитивен знак, но во мојот ум е само една работа, да останам тука многу години. Барса е тимот во кој отсекогаш сум сакал да играм и мојата намера е да продолжам да го носам овој дрес долго време“.