369
Конзорциум
предводен од Саудијци започна процес за купување на Њукасл во зделка вредна околу 300 милиони фунти.
Парите не се проблем за потенцијалнитe нови сопственици на „чавките“ па се најавуваат големи промени на Сент
Џејмс Парк.
Покрај тоа што се
очекува да бидат инвестирани неколку стотици милиони фунти на засилувања, нема
да се штеди и за ангажман на тренер од светска класа.
Според пишувањата
на Скај Спортс, прва желба е Маурисио Покетино и Аргентинецот ќе биде примамен
со луди 19 милиони фунти по сезона. Поголема плата од него би имале само Пеп
Гвардиола и Диего Симеоне.