Анчелоти очајно посакува повторно да соработува со Хамес

by
1 минути читање

Евертон му нуди
четиригодишен договор на Хамес Родригез за Колумбиецот да им се приклучи на „Карамелите“
уште во претстојниот летен преоден рок.

Реал Мадрид го
стави 28 годишниот Колумбиец достапен за заинтересираните клубови за неговите
услуги, Зинедин Зидан наводно нема намера да го задржи во своите редови.

Се верува дека „Кралевите“
бараат околу 40 милиони евра за услугите на Хамес, кој инаку има договор со
шпанскиот гигант до идната година.

„Мундо Депортиво“
извести дека постои голем интерес од Премиерлигата за услугите на Хамес, се
споменуваат Арсенал, Челси, Манчестер јунајтед, па дури и амбициозниот Вулверхемптон, меѓутоа од сите се издвојува
Евертон, чиј тренер Карло Анчелоти очајно посакува повторно да соработува со
Колумбиецот.

Искусниот италијански
фудбалски стратег соработуваше со Хамес за време на неговиот престој во Реал
Мадрид, а подоцна го одведе во Баерн Минхен на позајмица, во периодот кога беше
тренер на германскиот првак.

Анчелоти во
меѓувреме кроеше планови и како да дојде до неговите услуги додека беше тренер
на Наполи, но, не успеа во своите намери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×