Првиот човек на „Ла Лига“: Фудбалот би исчезнал доколку не успееме да го рестартираме

by
1 минути читање

Првиот човек на „Ла
Лига“, Хавиер Тебас даде свој коментар по ситуацијата што се случи во Франција,
каде иако имаше првичен план актуелната сезона да продолжи на 17. јуни,
тамошниот премиер пресече дека спорт нема да има во таа земја до септември, а
со тоа се затвори сезоната во „Лиг 1“.

Не разбирам
зошто би постоела некаква опасност од играње фудбалски натпревар зад затворени
врати, без присуство на публика, со обезбедување на сите мерки и препораки,
отколку да се работи на склопувачка линија, или да се работи на рибарски брод
на отворено море
“ вели Тебас.

Доколку се случи
важни економски сектори да не можат да бидат рестартирани, на еден безбеден и
контролиран начин, тие можат да завршат со исчезнување, тоа би можело да му се
случи на професионалниот фудбал
“ тврди Тебас.

Во Шпанија,
фудбалот е мошне важен економски двигател кој треба да го реактивираме како и
многу други сектори
“ додава тој.

Во некои земји
тимовите веќе тренираат, тоа е пример кој треба да го следиме, ние продолжуваме
да се фокусираме на оваа реактивација, на еден одговорен начин, почитувајќи ги
препораките и мерките за заштита на здравјето на луѓето, најбрзо што е можно

заклучи Тебас.

Кога сме кај
шпанскиот фудбал, вреди да се издвои фактот што на 11 кола до крајот на „Примера“,
Барселона е прва на табелата со 58 бода, два повеќе во однос на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×